Левица со реакција за идејата за јавно-приватно партнерство за улично осветлување во Карпош

од Vladimir Zorba
133 прегледи

На последната седница на Советот на Општина Карпош на дневен ред беше ставена точка за иницирање физибилити студија со крајна цел воведување јавно-приватно партнерство за улично осветлување. Концептот јавно-приватно партнерство не претставува изолиран случај само за локалната власт од Карпош, со оглед на веќе одобрената и необјавена физибилити студија за системот на стерилизација.  – велат од Левица.

Дополнително, пред неколку месеци бирократизираното претпријатие „Македонија Пат” преку тендер ангажира приватна фирма за чистење на патиштата, под изговор за немање соодветна опрема и кадар и покрај големиот буџет со кој располага истото и енормниот број партиски војници преточени во администрација! Ваквите чекори кон целосна приватизација на основните јавни услуги- за чие обезбедување впрочем е избрана оваа влада – ја демонстрира целосната неспособност и лукративност на владејачкиот естаблишмент, испреплетен со олигархијата која единствено има интерес од процесите на приватизација.

Вечниот пакт СДСМ–ДУИ-ДПМНЕ веќе подолго време работат на уништување на јавните услуги, се со цел конечен влез на приватен капитал близок до секоја гарнитура на власт. Со децении се креира превработеност во јавните претпријатија со партиски неподобен кадар што води до неефективност, загуби и нефункционалност на истите. Откако вештачки ќе биде предизвикана состојба на неодржливост, веднаш следува ЈПП или приватизација (либерализација) на јавните дејности, што резултира со поголеми трошоци за граѓаните и директна економска дискриминација, при што основните јавни услуги (како квалитетно здравство) стануваат исклучиво привилегија за богатите!

Се поставува прашањето, каде завршуваат огромните суми народни пари со кои скапо се плаќаат огромниот број на јавни функционери, преполната администрација, бирократизираните институции и разните државни агенции кои се формирани токму за да им служат на граѓаните и да им обезбедат квалитетни јавни услуги? Сиромашните граѓани не се виновни за лукративното и корумпирано владеење на социјал-демократската влада и недозволиво е тие да се оптеретуваат со дополнителни трошоци поради очигледното неспособно владеење! Левица со сите механизми ќе се спротистави на повторната распродажба на јавните добра и услуги иницирана од транзициската СДСМ, преку кој процес народот ќе се доведе до комплетна зависност од домашниот и странскиот капитал. – стои во соопштението од Левица.

Слични содржини