Вистинско уживање: Сите позитивни ефекти на првото утринско кафе

од desk4
385 прегледи

Кафето се поврзува со уживање во добар вкус и со почеток на нов ден. Всушност, тоа влијае врз нас многу повеќе од што сме самите свесни.

Било самите да го подготвувате или да одите до вашето омилено кафе, оваа акција има позитивен ефект врз нивото на допамин во телото.

Ова се петте ефекти на првото утринско кафе:

Антиципација

Со самото тоа што мислите дека наскоро ќе го вкусите омилениот пијалак, вашиот ендокринолошки систем ослободува допамин. Почнувате да се чувствувате среќно и будно само со помислата на мирисот и голтката.

Подготовка

Ова е на некој начин личен Павлов рефлекс. Со самото тоа што знаете дека за кратко ќе се напиете кафе, вие веќе сте релаксирани и задоволни.

Арома

Аромата на кафе може да ве „разбуди“ пред воопшто да се напиете. Потсетете се само на вашите реакции кога поминувате пред бар каде мириса на кафе. Не се чудете ако покажете и извонредна креативност само поради аромата.

Пиење

Вашето тело е способно да го апсорбира кофеинот многу побрзо од другите материи. Поради тоа и чувствуваме извесна „навлеченост“ кон кафето. Ендокриниот систем во овој случај ја зголемува способноста за логичко размислување и ја подобрува меморијата.

Кулминација

Кога ќе го испиете првото кафе веќе сте подготвени за нови подвизи. Во овој случај воопшто и не е важно дали се работи за вистински или само за плацебо ефект, битно е што единствено првото кафе го има овој ефект. Секоја следна ќе биде добра, но не доволно како првата утринска доза кофеин.

Слични содржини