Славни татковци со многу деца

од desk4
460 прегледи

Актерот кој кај нас е познат по серијата „ИМЗ: Компјутерски криминал“, Џејмс Ван Дер Бик, со сопругата Кимберли Брук го очекуваат шестото дете. Тој ја сподели среќната вест на 7ми Октомври во телевизиското шоу „Танцувајќи со ѕвездите“ каде покажа видео од првиот ултра звучен преглед, а потоа го сподели на Инстаграм, каде напиша: „Пресреќни сме да ви ја кажеме радосната вест дека нашето семејство ќе се зголеми за уште еден член“. Џејмс и Кимберли се во брак од 2010 година и ги имаат децата Оливија, Џошуа, Анабел, Емилија и Гвендолин.


Инаку тој не е единствена славна личност која може да се пофали со многудетно семејство. Еве уште неколку негови колеги кои исто така имаат многу деца.

1. Еди Марфи- десет деца
Комичарот во ноември минатата година стана татко на сино Макс Чарлс, кој е негово десетто дете, а второ во врската со девојката Пејџ Бучер. Двојката ја има ќерката Изи Она. Марфи има двајца синови со поранешната девојка- Ерик и Полет Мекнили, како и Кристијан со Тамара Худ. Со поранешната сопруга Никол Мичер ги има – Бриа, Мајлс, Шејн, Зола и Бела. Додека со поранешната Спајс девојка, Мелани Браун, ја има ќерката Ејнџел Ирис.

2. Хју Грант – пет деца
Во март 2018 година, Грант го доби третото дете – од вкупно пет- со девојката Ана Еберстин. Тие двајца се веќе родители на ќерка и син. Актерот е татко на син Феликс Чанг и ќерка Табита, со поранешната девојка Тинланг Хонг.

3. Мел Гибсон – девет деца
Гибсон од првиот брак со поранешната сопруга Робин се родитлеи на ќерката Хана и шест синови – близнаците Кристијан и Едвард, Вилијам, Луис, Мајло и Томас. По разводот во 2006 година, од врката со руската пијанистка Оксана Григориева ја има ќерката Луција родена во 2009 година. Актерот со девојката Росалинд Росво 2017 станаа родители на синот Ларс Џерард Гибсон.

4. Брус Вилис – пет деца
Актерот има три ќерки – Румер, Скаут и Талула, од бракот со Деми Мур. Со втората сопруга има уште две ќерки Мејбл и Евелин.

5. Роберт Де Ниро – шест деца
Легендарниот актер е татко на биолошкиот син Рафаел и очув на Дрена, од бракот со првата сопруга Дијана Абот. Од вториот брак со Грејси Хајтауер има две деца – Елиот и Хелен. Де Ниро ги има и близнаците Џулијан и Ерон, од долгогодишната врска со моделката Туки Смит.

6. Стивен Спилберг – девет деца
Холивудскиот режисер со првата сопруга Ејми го имаат синот Макс, роден во 1985 година. Во вториот брак со Кејт Кепшоу доби шест деца. Билошките: Саша, Соер и Дестри и посвоените Тео, Џенет и Микаела. Спилберг е очув на Џесика Кепшоу.

7. Кевин Костнер – седум деца
Костнер во бракот со Синди Силва има три деца – Ен, Лили и Џозеф. По разводот тој беше во куса врска со Бриџет Руни го доби синот Лиам, во 1996 година. Актерот моментално е во брак со моделката и дизајнерка Кристин Баумгартнер со која доби три деца – Кејден, Хејс и Грејс.

 

Слични содржини