265
Премиерот на Пакистан, Имран Кан, денеска отпатува во Иран за да се обиде да ги намали тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија.
Министерството за надворешни работи на Пакистан соопшти дека посетата на Кан на Техеран ќе се фокусира на „мирот и безбедноста во регионот“.
Кан ќе се сретне со врховниот лидер во Иран, ајатолахот Али Хамнеи и со претседателот Хасан Рохани.
По Техеран, Кан ќе отпатува за Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Пакистан е близок сојузник на Саудиска Арабија, но се обидува дипломатски да балансира меѓу Техеран и Ријад