235
Експериментите со храна се одлични особено кога ни откриваат начини како да ја „вратиме во живот“ храната која инаку би завршила во ѓубре. Со лебот често се случува да ви остане парче и по неколку дена, па исушено да го фрлите. Но со овој трик веќе не мора тоа да го правите.
- Натопете го лебот со вода
Иако е малку одвратно (кој сака воден леб?) не се обесхрабрувајте, бидејќи тоа е првиот чекор. Ставете го под млаз вода и почекајте додека се натопи кората. Секако внимавајте да не стане премногу воден. - Испечете го
Ставете го во рерна загреана на 150-160 степени и печетее 6-12 минут, зависно колку е воден лебот.
И тоа е сè. Овој трик дејствува бидејќи водата се претвора во пареа, се рехидрира внатрешноста на лебот и станува мека, а топлината од рерната овозможува да добиете крцкава коричка.