402
Пет пати пониско од просекот за октомври е нивото на реката Црн Дрим кај Ложани, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.
Намалени водостои имаат и Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип и Струмица кај Сушево.
Повиско ниво од октомврискиот просек има само на реката Вардар кај Демир Капија, Јегуновце и Велес, на Црна Река кај Новаци и на Пчиња кај Катлановска Бања.
Кај природните езера водостојот е во рамки на октомврискиот просек. Измерената температура на водата на Охридското Езеро е 18.0 степени, на Преспанското Езеро е 17,5 степени, а на Дојранското Езеро 19 степени.