Жителите на ул. Лазар Димитров се жалат на неажурноста на општината

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Жителите на улицата Лазар Димитров во скопска Кисела Вода се жалат на бавниот процес на санирањето.

Пред повеќе од два месеци Општина Кисела Вода одлучи да ја раскопа оваа улица во населбата 11 Октомври, со цел повторно да ја асфалтира (бидејќи години наназад беше руинирана). Процесот на работа одеше многу споро. На терен работниците доаѓаа само по 5 часови на ден. Во неколку наврати по 10тина денови воопшто не се работеше на улицата за нејзина комплетна санација. Во меѓувреме, Водовод и Канализација агилно и навремено ги завршија интервенциите во нивен домен. – се жалат жителите.

Граѓаните од овој дел се загрижени што ниту едно од семејствата, не е во можност да влезе со својот автомобил до своите домови, а станува збор за повеќе од 50тина куќи, а што е уште позастрашувачки, во случај на ненадеен пожар, противпожарно возило нема да биде во можност да се пробие, уште помалку амбулатно возило во случај на итна помош, велат тие. На оваа улица живеат и повозрасни луѓе, кои не можат да се пробијат ниту до најблискиот маркет. – порачуваат тие.

Месните жители соопштуваат дека неофицијално, добиле информација дека општината наводно во меѓувреме го потрошила буџетот на асфалтирање други улици, па затоа не може да ја финализира оваа улица.

Слични содржини