Sвездата од серијата „Очајни домаќинки“ во вторник ќе замине во затвор каде ќе отслужи 14 дневна затворска казна за учество во скандалот со Американскиот универзитет.
Ова е еден дел од казната изречена од Федералниот суд во Калифорнија, каде освен затвор казнета е со една година условна казна, 300.000 долари парична казна, како и 250 часа општествено корисна работа. Хафман казната ќе ја служи во женскиот затвор во Алмеда Кантри, Калифорнија, каде има минимално обезбедување. За потсетување, Фелисити се изјасни виновна по обвиенението дека ги поткупувала професорите на универзитетот за нејзините ќерки да добијат подобри оцени.
Таа е една од 30те родители, меѓу кои и актерката Лори Локлин, обвинети за давање поткуп. Локлин се изјасни дека не е виновна и допрва се очекува нејзината казна.