Мекларен сака да биде позастапен во ТВ преносите од Ф1

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Мекларен спровеле неколку средби со раководството на Формула 1 затоа што не се задоволни од телевизиското покривање на тимот за 2019 година.

Британскиот тим започна да се опоравува од падот во последните години и веќе се етаблира како четврта сила. Сепак, за време на трката во „СПА“, Карлос Сајнц Џуниор беше покажан вкупно 15 секунди.

– Не разбирам зошто се случува ова, но за мене е многу јасно дека ниту екипата, ниту спонзорите не се задоволни од ситуацијата, рече шпанскиот пилот.

Неговиот татко – легендата на релито Карлос Сајнц, изјави дека неговиот син е „невидлив“ за Сузука.

Менаџерот на спонзорство на Мекларен, Даниел МекЕван изјави дека е загрижен за ситуацијата: „Ние работиме на ова. Имавме неколку дискусии со Ф1 за ова. Преносот е важен за нашите пилоти и партнери. Ние постојано се трудиме да го подобриме нашето присуство во медиумите“.

Слични содржини