Третото бебе на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се роди на 4 октомври, а парот тогаш побара приватност и не го објави полот. Сè до денес.
Тој во еден свој твит напишал „Сакам моите ќерки да растат во истата природа како и мене“, откривајќи го со тоа полот на нивното трето бебе.
Притоа, објавил фотографија од него и сопругата како прегрнуваат штотуку родено бебе, во зелена природна средина. Парот веќе има две ќерки, Инес и Џејмс. Името на третото бебе уште не е откриено.
I love B.C. 🇨🇦 I want my daughters to experience the same natural playground I grew up in. On Oct. 21, the candidate you vote for will SHAPE CLIMATE POLICY. I’m proud of the climate progress made the last 4 years. Click https://t.co/gJ8wvRwD2y for voting info. #Capilano pic.twitter.com/a3itOeIqQx
— Ryan Reynolds (@VancityReynolds) October 17, 2019