Есента доаѓа, ни ги носи своите бои и времето што нè известуваат дека летото е зад нас. Многу нешта се менуваат во природата, а со тоа и нашите навики за уредување на просторот како дома, така и во дворот. Влезот во куќата е нешто што треба да се земе предвид, не само во функционална смисла – туку пристапот кон куќата треба да изгледа убаво.
Есенските бои во природата се прекрасен спектар – од зелена до жолта, портокалова и црвена, сите комбинирани со бојата на дрвјата и земјата ви ги полни очите со убавина од интензивни бои. За декорација на влезот во домот користете ги сите овие бои, но и плодовите кои ги дава природата. Жолтот есенско лисје и тиквите се многу ефективен декор сами за асебе, но исто така и искомбинирани заедно.
Интересна саксија со актуелни есенски цвеќиња, тикв и аранжман од суво цвеќе или гранчиња – толку едноставно, а ќе даде свеж и пријатен амбиент. Сето ова дополнете го со затворен свеќник и украсна свеќа, чиј пламен во вечерните часови ќе им даде посебна бајка и романтичен изглед на целата куќа и влезниот дел. Слама искомбинирана со есенски лисја – ќе даде нота на природност и свежина, а свеќник со миризлива свеќа ќе го надополни секое катче.
Тиквите се навистина најефикасни за украсување. Од двете страни на влезот, едноставно наредете ги овие жолти украси, дополнете со жолти саксии и и украсете ја вратата со венец од есенски лисја.
Плетени корпи и дрвени садови, во комбинација со споменатите (неизбежни) есенски мотиви – ќе додадат повеќе природност и ќе се чувствувате како да сте во шумска бајка. Исто така можете да направите дрвена табла со порака за добредојде. Занесете се во имагинативна декорација на влезот во куќата, и ќе уживате во самиот креативен процес, а влезот кон домот ќе даде еден посебен впечаток и посебна енергија на топлина во целиот дом.