Членови на „Рубикон“ упаднаа во простории на министерот за здравство на Грција

од desk2
174 прегледи

Членови на анархистичката група „Рубикон“ денеска упаднаа во политичката канцеларија на министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас и фрлија боја и летоци, jави дописничката на МИА од Атина.

– До кукавичките Рубикони кои насилно влетаа во мојата политичка канцеларија и ги заплашија, им се закануваа и ги малтретираа вработените: Не се плашам, напиша Кикиљас на Твитер, заблагодарувајќи му на полицаецот што уапсил еден од четворицата кои ја нападнаа неговата канцеларија.

Грчкиот министер на неговиот Твитер профил објави и фотографии.

Со реакција излезе и заменик министерот под премиерот и портпарол на Владата на Грција, Стелиос Пецас кој истакна дека „Владата не се заплашува“ и им порача дека „работите се сменети, насилството нема да се толерира, а беззаконието ќе се елиминира“.