Во следниот период започнуваат посните слави и некогаш е проблем да се смислат предјадења и главни јадења кои одговараат на пригодата.
Но, за среќа, на интернет постојат бројни рецепти кои освен што се едноставни за подготовка, се и доста евтини.
За посната торта со тост-леб и туна потребни ви се:
Едно пакување тост-леб (по избор)
200 гр ајвар
200 гр туна од конзерва
Една лажица сенф
Неколку кисели краставички
Зачини по желба
Подготовка:
За филот, измешајте ги иситнетата туна, ајварот, сенфот, зачинете, а по желба можете да додадете и лажичка мајонез. Додадете ги и исецканите кисели краставички.
На дното на правоаголниот калап наредете парчиња леб, па премачкајте со филот. Правете го тоа додека да ги потрошите состојките. Најгоре можете да украсите со ајвар и сенф, а и да изрендате растителен кашкавал.
Најдобро е да ја оставите тортата преку ноќ, за да може лебот добро да го впие филот.