Цикламата е омилено собно растение кое со своите цветови го разубавува домот од ноември до април, а понекогаш и во јуни. Успешната нега почнува при купување – изберете билка со здрави листови и многу пупки. Нејзе потребна и è светлина, но не дирекно сонце.
Најдобро место е покрај прозор на источна или северна страна. Ако ја ставите на засенчено место, листовите ќе пожолтат и цветовите ќе се издолжат и ќе се виткаат.
Цикламата сака прозрачни простории во кои температурата не е повеќе од 20 стпеени, а најдобро напредува на 18 степени.
Земјата мора да биде влажна, па додека расте и цвета се полева два пати неделни, а во топла соба почесто. Додека мирува на ладно место, доволно е да се полева еднаш неделно.
Циклама се полева покрај работ на саксијата со млака, отстојана вода или дождовница и при тоа се пази да не се натопи надземниот дел. Ако се залева премногу и вишокот на вода се задржува во подлошлката, растението ќе почне да вене, листовите да жолтеат и да скапува. А ако не се полева доволно, листовите и цветовите ќе овенат.
Цикламата сака влажен воздух, поради што тешко успева во станови со парно греење. Во периодот на интензивен раст и цветање треба да се додаде течно минерално ѓубриво, еднаш до два пати неделно.
Размножувањето е од сее или со делење на изданоците од постарите билки. Ако се израстени од семе новите растенија треба да се поделат во помали саксии, бидејќи така побрзо цветаат. Постарите билки се пресадуваат кога ќе почнат корењата да излегуваат од саксиите и се ставаат во саксија со иста големина.
Земјата треба да биде растресита, мека, составена од тресет и шумски хумус. Не треба да се користи сјај за листовите, а овените листови и цветови доволно е да нежно да ги повлечете и скинете. Кога ќе прецвета почнува периодот на мирување и билката треба да се стави на поладно место, помалку да се полева и прихранува.
Ако добро ја негувате, оваа собна билка може да трае неколку години.