275
Денес принцот Хари е среќно оженет со поранешната актерка Меган Маркл и горд татко на момче, но како што се дознава во минатото тој бил опседнат со друга позната актерка.
Станува збор за шармантната Џенифер Анистон, која според британските медиуми, била негова голема љубов со години.
Фасцинацијата на Хари со нејзе започнала откако ќе ја види на насловната страна на GQ 2009.
– Хари го пронајде нејзиниот телефонски број и почна да ѝ пишува пораки, но таа никогаш не му одговори. Тогаш се дозна дека тој е луд по неа, дури и тврдел дека е совршена за принцеза на Велика Британија – открива светскиот хроничар Ијан Хелперин, кој се подготвува да објави биографија за принцот.
Портпаролот на Џенифер Анистон, сепак ги демантираше овие тврдења.