Бебиња близнаци повредени во инцидентот во Осло (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Вооружениот маж што во Осло украде амбулантно возило и влета во толпа луѓе, повредил три лица, од кои две се бебиња, соопштија норвешката полиција и болнички извори.

Мажот бил совладан откако полицијата пукала во возилото. „Тој е повреден, но нема сериозни рани“, јави полицијата.

-Две бебиња се повредени откако грабнатото возило на Итната помош удри во во едно семејство. Станува збор за близнаци на седуммесечна возраст, на кои им е дадена прва помош, соопшти портпаролот на болницата во Осло.

Јавниот радиодифузер НРК прикажа снимки од оштетеното возило во квартот Торшов, на која се слушаат истрели.
Портпаролот на болницата изјави дека во инцидентот учествувале две возила на Итна помош.
-Едното возило го грабнал мажот вооржен со сачмарка. Неколку минути подоцна второ возило на Итна помош успеало да го запре грабнатото, забивајќи се во него. Потоа стигнала полицијата и го уапсила осомничениот, соопштиболницата.

ДПА ја пренесе и изјавата на полицијата дека „ мажот е уапсен, но дека тие трагаат и по една жена“.

Ambulanse kapret i Oslo

Her skyter politiet for å stanse den kaprede ambulansen i Oslo. Les saken her: https://www.nrk.no/ostlandssendingen/mann-stjal-ambulanse-i-oslo-_-flere-pakjort-1.14751816

Публикувахте от NRK Nyheter в Вторник, 22 октомври 2019 г.

 

Слични содржини