Ставен под контрола пожарот што синоќа изби во атинско предградие

од desk2
119 прегледи

Противпожарната служба на Грција го стави под контрола пожарот, што кусо по полноќ изби во местото Порто Рафти, во источниот дел на областа Атика, а според локалните медиуми превентивно беа евакуирани дел од жителите, jави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот изби во близина на куќи и згради, а силниот ветер дополнително го отежнуваше справувањето со огнените јазици.

Во гаснењето на пожарот што траеше над три часа, учествуваа 80 пожарникари со 31 возило, две пешадиски единици, како и доброволци со противпожарни возила.