Маринела Тушева сподели видео од опожарените возила

од Vladimir Zorba
661 прегледи

Поранешната пратеничка Маринела Тушева од редовите на СДСМ на својот фејсбук профил објави видео на кое се гледа како гори еден од двата автомобили, запалени од засега непознати сторители.

Во штипската населба Сењак, на улицата „Борис Крајгер“ рано утринава околу 5 часот опожарени се пет возила, од кои три целосно, а две делумно. Меѓу трите целосно изгорени возила се и автомобилите на Никола Тушев, поранешен претседател на ОО на СДСМ Штип и на неговиот татко Мите Тушев, инаку брат и татко на поранешната пратеничка од СДСМ Маринела Тушева.Возилата биле опожарени така што пироманите прво ги скршиле стаклата од возилата, а потоа во нив фрлиле молотови коктели.„На залезот на Денот на ВМРО и изгревот на парламентарните избори Обнова has checked in. Волкот влакно менува, нарав никогаш.

Слични содржини