452
Ако сакате десерти, а не сакате да валкате многу садови, ниту пак да трошите часови на подготовка, го имаме идеалниот рецепт за вас.
Потребни состојки:
120 мл масло
250 гр шеќер
100 гр брашно
50 гр какао
Пола лажичка сол
2 јајца
2 лажици вода
100 гр сецкано чоколадо
Подготовка:
Најпрво загрејте ја рерната на 180 степени.
Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, потоа додавајте ги јајцата и водата и добро изедначете ја смесата. Половина од чоколадото ставете ја во смесата.
Рамномерно распоредете ја врз намастена хартија за печење. Останатото чоколадо ставете го на врвот на колачот. Печете 30 минути. Откако ќе се излади, исечете на коцки и послужете.