Елтон Џон во својата биографија, освен што зборува за своето минато, не ги поштедува ниту своите естрадни колеги.
Овојпат на тапет се најде поп-кралицата Мадона. Елтон Џон смета дека била презлобна кога ја обвинила Лејди Гага дека песната „Born This Way“ е копија на нејзината „Express Yourself“.
Мадона на своите концерти, кога ја пеела оваа песна, речиси секогаш го вметнувала и рефренот на „Born This Way“ за да ја докаже својата поента. Сер Елтон Џон тоа го смета за крајно дрско и непристојно, особено кога доаѓа од ѕвезда од калибарот на Мадона.
Кога овој настан беше во фокусот на јавноста, Елтон Џон во едно интервју ја нарече Мадона „евтина стриптизета“, а во биографијата објаснува дека тоа го кажал во афект и дека било изввадено од контекст.