374
Нов долгометражен документарен филм, посветен на животот и работата на Ентони Бордејн ќе се снима под режисерската палка на оскаровецот Морган Невил.
Невил изјавил дека е голема чест да се работи на ваков проект, кој зборува за влијанието на Ентони Бордејн врз телевизиските програми, испишувајќи нова историја со неговата работа.
Според „Холивуд репортер“, документарецот ќе биде прикажан за огрничена пиблика во кино, пред да се емитува на Си-ен-ен и на Ејч-би-о Макс.
Бордејн беше познато телевизиско лице и готвач, кој стана познат со неговите кулинарски и патувчки шоуа, патувајќи во егзотични места, испробувајќи ја локалната храна. Тој си го одзеде животот со бесење, за време на снимањето на неговиот проект „Parts Unknown“, во јуни 2018-та.