Русија оцени дека убиството на Ал Багдади нема многу да влијае на ситуацијата во Сирија

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Руското Министерство за одбрана соопшти дека не знае ништо за помош на американското воздухопловство, а која на прес-конференција ја  спомна американскиот претседател Доналд Трамп, кога зборуваше за ликвидирањето на лидерот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади.

– Не знаеме ништо за каква било помош на американските авиони во воздушниот простор на Идлиб за целите на операцијата, рече портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.

На прес-конференцијата по повод ликвидацијата на терористичкиот лидер, Трамп рече дека Русија на американските авиони им го отворила воздушниот простор кој го контролира над сириските територии.

Конашков оцени дека и убиството на Ал Багдади нема многу да влијае на ситуацијата во Сирија.

– Откако ИД беше поразена од страна на силите на сириската Влада и со поддршка на руските воздушни сили на почетокот на 2018 година, уште една смрт на Абу Бакр ал-Багдади нема да има влијание ниту на ситуацијата во Сирија, ниту на акциите на терористите кои останаа во Идлиб, констатираше рускиот портпарол. 

Слични содржини