По налог на ОЈО, денеска во МВР новинарот Љупчо Златев беше повикан на распит затоа што како уредник на порталот „Лидер” ја објавил снимката на која се слуша како градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, киднапира и тепа човек.
Златев во изјава за медиумите вели дека на распитот во МВР му било побарано да го обелодени идентитетот на свиркачот на што тој црвсто останал на ставот дека такво нешто нема да си го дозволи, бидејќи е во спротивност со начелата за заштита на тајноста на изворите.
„Посочив дека сум спремен ако е потребно кривично да одговарам, но изворот не го откривам. Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој е во буквална љубовна врска со власта, уште еднаш прави притисок врз слободното новинарство – наместо да се гони тепачот, се гонат оние кои објавиле за тепањето. Јас останувам да се борам за моите принципи!“ – пишува Златев на својот Фб профил.