379
Хрватската пејачка на Инстаграм објави провокативна фотографија која нејзините обожаватели ги остави без зборови. Таа позираше на оградата од една тераса, и тоа само во црно сако во кое ги истакна своите долги убави нозе.
Косата и беше во едноставна фризура, навиткана во лежерни кадрици, а целиот изглед го заокружи со црвен кармин и интензивна шминка.
„И Господ ја создаде жената“ прокоментира нејзината пријателка, Бојана Грегориќ Везовиќ, позната хрватска актерка.
Инаку многумина се сложија дека Нина Бадриќ неодоливо наликува на Моника Белучи, па ѝ пишаа дека со годините изгледа сè поубаво. Особено го поздравија нејзиниот природен изглед, кој се должи само на редовна нега и грижа, а не и на пластични операции.