Твининг-проект за јакнење на капацитетите на Народната банка

од Vladimir Zorba
248 прегледи

„Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзино членство во Европскиот систем на централни банки“ е насловен твининг-проектот за кој денеска ќе се одржи почетна конференција.

Главна цел на проектот, финансиран од Европската Унија, е да се поддржи нашата централна банка во натамошното усогласување со правилата, регулативата, политиките и работењето со стандардите на Европскиот систем на централни банки и со најдобрите меѓународни практики, заради натамошното одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

На првиот програмски дел се најавени обраќања на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, раководителот на Одделот за економски прашања, институционално јакнење и прекугранична соработка при европската делегација во нашата земја Фрек Јанмат, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, и Ана Вучиќ, втор секретар на Амбасадата на Република Хрватска.

На конференцијата ќе се обратат и претставници на проектните партнери – централните банки на Германија и Хрватска, по што планираните проектни активности подетално ќе бидат презентирани и од проектните лидери.

Слични содржини