Барние: Се уште постои ризик од хаотичен Брегзит

од desk3

Преговарачот на Европската унија за Брегзит Мишел Барние изјави денеска дека се уште постои ризик од хаотично заминување на Велика Британија од европскиот блок без договор и дека идните трговски разговори ќе бидат „тешки“.

– Се уште постои ризикот од тоа Брегзит да се случи без ратификуван договор. Се уште треба да се подготвуваме, рече Барние во Брисел.

Барние наведе дека „во сите земји-членки постои голема разлика во подготвеноста помеѓу поголемите компании и малите и средните претпријатија“ и додаде дека не е време да се биде самозадоволен, туку е потребно да се работи со мали и средни претпријатија.

Тој рече дека излегувањето од ЕУ без договор може да се случи кон крајот на јануари, доколку британскиот Парламент не го ратификува договорот на премиерот Борис Џонсон и Лондон не добие уште едно одложување за излез од ЕУ.

Барние предупреди дека има малку време помеѓу Брегзит и крајот на 2020 година за да се постигне нов трговски договор.

– Ќе бидат тешки преговори, рече Барние, додавајќи дека времето што е на располагање за постигнување нов трговски договор ќе биде исклучително кратко, 11 месеци.

Слични содржини