Податоците како вредност е темата на 16. годишна конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) што ќе се одржи денеска во Скопје.
Најавено е учество на 200 претставници од домашните и странските ИКТ и компании од други сектори, како и претставници од државни институции и министерства, на донаторската и меѓународна дипломатска заедница, академски претставници од ИКТ, медиуми…
– Темата на овогодишната конференција е внимателно дизајнирана во согласност со аспирациите да прераснеме во економија што е дел од поголемите европски пазари, за што предуслов е прифаќањето на фактот дека податоците мора да лежат во срцето на сите процеси на одлучување како инструмент на доверба. Определбата на компаниите да донесуваат одлуки базирани на податоци, добиени преку навремени истражувања е докажана и строго прецизна методологија која е главен критичен фактор за успех, најави МАСИТ.
На конференцијата се најавени обраќања на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, Анета Антова Пешева, претседателка на УО на МАСИТ, и Стефан Томаџан, заменик-шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија.
Меѓу најавените интернационални и домашни говорници се претставници од Оракл, Дejтамастерс, Данфос, Когнизант консалтинг, САС, Елевејт глобал, Асеко СЕЕ, Ендава, Семос, Неоком и НБРСМ.
Тие ќе учествуваат во дискусии на темите: големи податоци и аналитика; бизнис-интелигенција; бизнис-анализа; развивање бизниси; самонадградување на вештачката интелигенција; вештачка интелигенција; роботика; паметен дом, како и интернет на нештата.
Конференцијата е организирана со поддршка од ИМЕ – Проектот за зголемување на пазарната вработливост финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.