Орбан: Романскиот предлог за еврокомесар ќе биде истакнат што е можно поскоро

од Aleksandar Petrovski
226 прегледи

Новиот романски премиер Лудовик Орбан на Брисел ќе му го предложи романскиот еврокомесар по консултациите со претседателот Клаус Јоханис, но номинацијата, како што наведе, ќе биде направен што е можно поскоро.

-Одлуката ќе ја донесеме што е можно побрзо, по разговорот со претседателот. Предлогот ќе биде најдобриот за Романија, рече Орбан пред новинарите откако неговата влада доби доверба во парламентот.

Орбан не зборуваше за имињата на романските кандидати за еврокомесар, пренесуават британските медиуми.

Слични содржини