Османи: Нема предизборна коалиција со СДСМ

од Aleksandar Petrovski
157 прегледи

Вицепремиерот Бујар Османи очекува позитивна динамика во однос на членството на Македонија во ЕУ, но сепак е внимателен во однос на ветувањата или спомнувањето на конкретни датуми.

Османи во емисијата “200“ на Алсат рече дека земјата е подготвена да ја прифати новата методологија предложена од Франција, но само ако со неа се предвидува полноправно членство. Во емисијата Османи зборуваше и за можните коалиции на ДУИ, но кажа дека најверојатно нема да има предизборна коалиција со СДСМ. Османи одговори и на обвинувањата на опозицијата и јавноста на сметка на нивните функционери за корупција.

На прашањето кој тој преферира за можни идни коалиции, идни партнери, тој кажа:

„Јас мислам дека секој од нас, секоја политичка партија прво треба излезе пред граѓаните да ја добие довербата од граѓаните, а потоа да се разговара за коалиции. Јас мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде во Владата. Ја исклучувам можноста за коалиција со СДСМ, ние имаме соработка. Јас сум против концептот на де-етнизирање на албанската политичка сцена во Македонија, односно не албанска, туку било која политичка сцена да се де-етнизира. Мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде нивен претставник, иако со СДСМ имаме добра соработка во овие три години“, рече Османи.

Слични содржини