Познатиот актер со тужба, мажот лажел дека бил нападнат

382 прегледи

Актерот Алек Болдвин го тужел мажот кој предходно годинава тврдеше дека познатиот глумец го удрил за време на расправија околу паркинг место во Менхтен.

Болдвин беше уапсен и обвинет за вознемирување по расправијата на Менхетен минатата година. Тој ја признал вината и се согласил да оди на психијаар како би добил терапија за контрола на бесот, но сега наводно го тужи човекот кој рекол дека бил удрен од страна на актерот, поради изнесување лаги за физичко насилство.

Исто така, неговиот адвокат рекол дека мажот лажел и дека актерот само лесно го турнал. Според Six, дури и болничките записи и снимките од надзорот на паркингот покажуваат дека приказната за претепувањето е лага.

Интересен е фактот дека актерот и порано бил во слични ситуации. Во мај 2014 година, Болдвин бил уапсен за наводна расправија со полицијата која го застанала.

Слични содржини