Во Италија се воведува задолжителна настава за климатски промени

од Aleksandar Petrovski
158 прегледи

Италијанскиот министер за образование Лоренцо Фјорамонти денеска изјави дека часовите за климатските промени ќе станат задолжителни за учениците во државните основни и средни училишта.

Фјорамонти на Твитер напиша дека Италија ќе биде првата земја во светот што ќе воведе учење за одржливост и климатски промени во задолжителната училишна програма.

Учениците ќе имаат вакви часови од прво одделение до крајот на средното образование.

Слични содржини