Леди Гага искрено: Имав напади на паника и завршив во болница

340 прегледи

Пејачката Леди Гага во интервју за Elle со Опра Винфри прозборе за своето ментално здравје кое е нарушено поради траумите кои ги има после силувањето. Поради тоа таа неодамна доживеала напад на паника и завршила во болница.

– Тоа е една од најлошите работи кои ми се случиле. Ме одведоа во ургентно и таму ми донесоа доктори, психијатар… Цело време врескав да ми донесат вистински доктор. Не размислував што ми се случува бидејќи целото тело ми беше како камен – рекла пејачката.

Имено, Гага минатата година отворено прозборила за силувањето кое го доживеала на 19 години, и поради што денеска се бори со PTSP и хронична фибромиалгија.

– Имам PTSP. Имам хронична болка. Невропатска болка која е резултат на траумите. Постојано сум на лекарства, имам и неколку доктори. Така преживувам. Но, знаеш ли што Опра? Одам понатаму и оние кои се борат со нешто сакам да знаат и тие да одам понатаму, дека можат да преживеат, па дури и да освојат Оскар како јас – рекла Леди Гага.

Таа прозборела и за долгогодишното самоповредување.

– Не зборував многу отворено за тоа, но сметам дека ова е важно, да го слушнат луѓето и да знаат. Долго време се сечев, а престанав тогаш кога сфатив дека сакам да им покажам на луѓето дека патам, а не да и кажам со зборови и едноставно да побарам помош. Денес сум многу среќна што престанав со тоа – раскажала Гага.

На крајот, доделила совет на сите оние кои се наоѓаат во слична ситуација.

– Една работа би им сугерирла на оние кои се борат со суицидални мисли и оние кои се самоповредуваат, да користат мраз. Доколку ги ставите рацете во корито со ледена вода, тоа ќе го шокира вашиот нервен систем и ќе ве врати во ралноста – заклучила Гага.

Слични содржини