Мет Дејмон неодамна во шоуто на Conan O’Brien се присетил на еден немил настан од детството кога Бен Афлек му го спасил животот, поради што и ден денес. по толку години, се многу добри пријатели.
Инцидентот се случил во средината на седумдесетите години, кога младиот Дејмон со пријателите од квартот заминале да играат фудбал.
– Во афект на едно од децата му изговорив нешто и му дадов гол, после што тој тргна кон мене. Најлошото беше тоа што тој имаше скоро два метра, а јас бев висок околу 160 центиметри. Тој див човек дојде до мене и пред да знам веќе бев а подот, а тој над мене. Во себе си помислив дека ова никако не може да биде добро – се присетил актерот.
За среќа, во тој момент се појавил Бен и покажал дека инстинктот на суперхерој го развил долго пред да стане Бетмен.
– Тогаш, од негде се појави 162 см нискиот Бен Афлек и го собори детето кое ме нападна. Иако е помлад од мене без многу мака го реши воој проблем, ризикувајќи го својот живот, буквално – открил Мет.
Тоа бил моментот кога Мет сфатил дека пријателството со Бен ќе трае цел живот.
– Се сеќавам дека тоа беше многу важен момент. Тој човек себе си се стави во незавидна позиција за мене. Тоа е пријател каков треба да го имаш во животот – заклучил Мет.