Пејачката Северина Којиќ забрзано се подготвува за својата турнеја „The Magic Tour“ која ќе започне со настап во сплитската Спаладиум Арена. Најавила голем спектакл со 16 танчери, 15 музичари и симфониски оркестар.
Таа на своите следачи на Инстаграм им се пофали со новиот изглед кој го избрала за турнејата.
Северина на фотографијата позира во црн чипкаст корсет и црни жешки пантолони, а на нозете има мрежести чорапи и вртоглаво високи потпетици.
„Подготвена за шоу“, напишала заедно со објвата која за еден час добила преку 8.000 допаѓања.
Пријателите и порачале дека едвај чекаат да ја видат на нејзината турнеја како и дека е најдобра и најубава.
„Едвај чекам“, „Те сакам, задекогаш“, „Прекрасна“, „Северина – најубава од Бомбај до Берлин“, „Се гледаме во Љубљана“, „Прекрасна си“, „Северина ти си една од најдобрите пејачки на Балканот и пошироко“, „Бомба си“ – беа само дел од коментарите.