Официјално, „Џокер“ стана најпрофитабилниот филм на сите времиња, базиран на стрип. Глобално, филмот има заработено повеќе од 950 милиони долари.
Како што наведува „Форбс“, филмот досега заработил 15 пати повеќе пари од оние што се вложени во неговото снимање. Тод Филипс го режирал овој филм со буџет од вкупно 62,5 милиони долари, што е сосема мал дел споредено со буџетите кои се вложуваат во други филмови снимени според стрип.
Потсетуваме, во улогата на Џокерот, негативецот на Ди-си комикс, се појавува актерот Жоакин Феникс, кој на публиката ѝ приреди маестрална и неповторлива изведба. Филмските познавачи и критичари предвидуваат дека „Џокер“ може да биде номиниран за Оскар следната година.
Досега, најголема заработка на глобално ниво имаше „Одмаздници: Крајот“, со профит од 2,8 милијарди долари, но буџет за снимае во износ од 365 милиони долари.
Со ова, „Џокер“ стана попрофитабилен и од „Веном“ и „Дедпул“, кои важеа за едни од најпрофитабилните филмови во последните неколку години.