Владата ќе дава дополнителни два денара субвенција за килограм продадено грозје на лозарите, доколку го продадат во рeгистрирани винарници. Оваа одлука се донесе на вчерашната владина седница.
Субвенцијата е двојно зголемена од лани, кога изнесуваше еден денар и се однесува се однесува и на повеќе сорти, не само за винските „вранец“ и „смедеревка“. Опфатени ќе бидат и „кратошија“, „станушина“, „бургундец црн“, „жилавка“ и „кадарка“ од реколтата 2019.
Од Министерството за земјоделство известија дека со дополнителната субвенција од два денара, се очекува да се намалат загубите на производителите на винско грозје.
„Измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно моделот за оваа дополнителна субвенција е донесен по повеќето разговори и консултации со производителите на грозје, но и поради проблемите што тие ги имаа со цената и сушата која го намали приносот“, велат од министерството.
На вчерашната владина седница се усвоија и измените на Уредбата за поблиски критериуми за директни плаќања, со кои се продолжува рокот за поднесување барања за субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко, како и за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети. Наместо до 5 ноемрви, сточарите за овие мерки ќе можат да конкурираат до 22 ноември 2019 година. Роковите се продолжуваат поради неможноста земјоделските стопанства да ги остварат своите права за финансиска поддршка