Како да ја подготвите салатата која е незаобиколна на секоја трпеза

Состојки:

– пилешко месо или пилешки гради
– зелена салата
– шери домат
– малку краставица исечена на коцки
– 2 лажици кисело млеко
– 1 лажица павлака
– малку сенф
– кубети или препечен леб
– 2 варени јајца
– 2 чешниња лук
– пармезан
– маслиново масло, сол и бибер

Подготовка:

Во сад ставете го киселото млеко, павлаката, сенфот, црвен пипер, бибер и здробен бел лук.
Сите останати состојки исечете ги на коцки и посолите, забиберите и додајте маслиново масло. Ставете ги во стаклена чинија па прелијте со преливот од павлака, кисело млеко и лук.
Изладете и служете како додаток за јадење или како оброк. Одозгора изрендајте пармезан или кашкавал.

Слични содржини