282
Бруклин Бекам (20) и четири години постарата актерка Никола Пелтц биле видени заедно, а британските таблоиди пишуваат како тоа е четврта девојка, на младиот Бекам, со која излегува во исто толку месеци.
https://www.instagram.com/p/B4XyA7QIvWZ/
– Бруклин веќе го има запознаено нејзиното семејство и добро се согласува со нејзиниот брат, дури беа и на забава заедно – рекол анонимен извор.
Пред помалку од еден месец, The Sun, пишуваше како Бруклин е во врска со полусестрата на Кејт Мос Лоти, а освен со нив две, го поврзуваа со уште две други девојки откако, ова лето, раскина со манекенката Хана Крос.
Во кратки врски беше и со актерките Натали Ганза и Фиби Торенс, чија сличност со Викторија Бекам ги шокираше британците.