Пејачката Пинк ќе паузира од снимање и настапи

од Elena Daskalova
331 прегледи

На вчерашното доделување на Кантри музичките награди, Пинк се појави со сопругот и двете деца, а пред да започне шоуто разговарала со екипата на „Entertainment Tonight“.

Таа им кажала на новинарите дека е забавно да ги носи и децата, бидејќи има што да се види, а најавила дека во јануари ќе прослави 14 години брак со сопругот Кори Харт.

На крајот од изјавата, Пинк ги открила своите планови неодредено време да се повлече од музичката сцена, особено откако имаше навистина исполнета година поради реализацијата на албумот „Hurts 2B Human“ и промотивната турнеја за него.

„Две и пол години непрекинато правев музика. Вилоу се враќа во училиште, а Џејмсон почнува во градина. Следната година е година на семејството и Кори ме поддржува во тоа“, изјавила Пинк.

Слични содржини