Идеја за ручек: Поховано пилешко со пире

417 прегледи

Состојки:

– 500-600 гр. бело месо или карабатак
– 3-4 јајца
– 150 гр инстант пире
– 150-200 гр брашно
– сусам
– сол
– бибер
– вегета
– масло за пржење

Подготовка:

Истенчете ги шницлите, посолете, забиберите и ставете ја вегетата. Изматете ги јајцата, посолете ги и нив. Инстант пирето измешајте го со сусамот.

Шницлите испрпелкајте ги во брашно, јајца, брашно, јајца, па во инстант пирето. Доколку сакте похованиот дел да остане потполно залепен за месото, тогаш прво ставете ги во јајве, брашно, јајце, инстант пире.

Пржете во длабоко масло, од двете страни, на средна температура. Откако ќе ги извадете оставете ги да се исцедат.

Слични содржини