Санкции за два угостителски објекти во Тетово, пуштале музика над дозволеното

од Aleksandar Todeski
168 прегледи

Два угостителски објекти во Тетово се санкционирани бидејќи при акциска контрола во периодот од 00.30 до 01.15 часот синоќа било констатирано дека пуштале музика над дозволеното.

„Констатирано е дека во два угостителски објекта, на ул.„ЈНА“ и ул.„Благој Тоска“ во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со пуштање на музика над дозволеното. Против сопствениците на објектите се поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Слични содржини