Кејтлин Џенер (70) е ангажирана за ново реално шоу, а со оглед на тоа дека со години беше пред камерите поради шоуто „Keeping Up With The Kardashians“ тоа не би требало да претставува голем проблем.
Меѓутоа, откако го снимаше шоуто со сопругата и останатите членови на семејството, многу работи се сменија. Таа повеќе не е Брус Џенер, татко на Кендал и Кајли, туку го смени својот пол и стана Кејтлин. Поради тоа дури и семејството ја замрази.
Иако не и замерија што го смени својот пол, туку што била на некакви зафати без да им каже. Големите вљубеници во шоуто метаат дека тоа не требало да го направи, а се чини дека осудувањата и дошле преку глава и на Кејтлин.
Затоа се сели во австралија каде ќе учествува во шоуто „I’m A Celebrity… Get Me Out of Here“. Се шушка дека за тоа добила доста солидна плата, односно околу 150 милиони долари за влез во емисијата.
– Доста и е од Америка, тоа го кажа. Таму ја осудуваат. Да и понудија да учествува во тоа шоу во Америка немаше да прифати – раскажала нејзината пријателка Пем Бехан.
Кејтлин неодамна и честита роденден на поранешната сопруга, Крис, но таа потполно ја игнорираше.
– Среќен роденден на оваа посебна жена. Ти си посебна мајка и деловна личност. Те сакам – напишала Кејтлин.