Кина предупреди дека ќе одговори на „неконтролираните“ немири во Хонг Конг

од Aleksandar Petrovski
202 прегледи

Кина предупреди дека нема мирно да гледа како протестите во Хонг Конг се развиваат во „ситуација која не може да се контролира“, додека десетици демонстранти избегаа од полицијата во зградата на универзитетот.

Тие прво од кровот на универзитетот во кој се затворија ги гаѓаа полицајците со стрели и молотови коктели, а потоа се спуштија со јаже и избегаа со мотоцикли.

Полицијата во Хонг Конг претходно во соопштение се закани дека ќе одговори со борбена муниција ако демонстрантите употребат смртоносно оружје и прават други насилни дела.

Еден полициски службеник во Хонг Конг вчера беше погодена со стрела кога полицијата употреби солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираа кампусот на универзитетот.

На фотографии објавени на Фејсбук страната на полицијата, се гледа дека стрелата го погодила полицаецот во долниот дел на ногата, а полицијата соопшти дека е пренесен во болница.

Демонстрантите одбија да се повлечат, иако кон се движеа камиони со водени топови.

Демонстрантите почнаа да се повлекуваат кон зградата на Политехничкиот универзитет дури откако се стемни, плашејќи се дека ќе бидат заробени затоа што полицијата употреби солзавец и им пристапи од спротивна страна.

Демонстрантите потоа од кровот на универзитетот ги гаѓаа полицајците со стрели и молотови коктели.

Полицијата употреби солзавец и во други делови на Хонг Конг, а во некои области имало директни судири со демонстрантите.

Полицијата предупреди дека насилните активности на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг ескалирале во немири.

Слични содржини