354
Русија и Белорусија се загрижени поради зголемената активност на НАТО во близина на границите на двете земји, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Заеднички ја разгледавме ситуацијата во евроатлантскиот регион. Загрижени сме поради постојаниот курс на НАТО кон зајакнување на воените капацитети и се побројните воени активности во близина на нашите граници, рече Лавров.
Белорусија и Русија, рече тој, веруваат дека од клучно значење е да се земат предвид овие процеси во контекст на тоа што сите земји на ОБСЕ се обврзаа дека нема да ја подобруваат својата безбедност на штета на безбедноста на другите.