Казна затвор од една и пол година за бегалецот Горан Грујевски

од Aleksandar Todeski
393 прегледи

Кривичниот суд му изрече една и пол година казна затвор на поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски, кој се наоѓа во бегство во Грција, во повторената постапка за случајот „Тврдина 2″, кој се однесува на уништување документи поврзани со прислушувањето.

Изречената казна е иста како и првата пресуда која првостепениот суд му ја изрече, а Апелацискиот суд во Скопје ја врати на повторно судење, бидејќи не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.

Слични содржини