Мафините врз база на јајца се идеални за појадок, обезбедуваат доволно протеини и секако, состојките внатре може да ги прилагодувате по желба.
Следниот рецепт е прилично калоричен, па не е препорачлив да го консумирате секој ден, но е одличен за понекогаш да си дозволите вкусно задоволство наутро.
Потребен ви е еден свеж колбас, 10 јајца, 150 милилитри млеко, едно пакетче пармезан, сол, крупно мелен бибер, две црвени пиперки, печени и исецкани и босилек по желба.
Загрејте ја рерната на 250 степени. Излупете го колбасот и пропржете ја содржината на малку масло. Мешајте со дрвена лажица. Исцедете го вишокот маснотија на хартиена салфета. Во голем сад потоа изматете ги јајцата, млекото, пармезанот и зачините.
Поделете ја смесата во калапите за мафини. Во секој додадете еднаква количина од печените пиперки, месото и босилекот. Печете 15-20 минути и оставете ги да се изладат пред да ги послужите.