Многу нешта луѓето ги прават механички, без да обрнуваат внимание на детали и финеси, а тоа важи и за првото утринско кафе, кое многумина традиционално го пијат дома, пред да ги започнат дневните обврски.
Ова се неколку супер трикови благодарение на кои ќе ја совладате техниката на варење совршено турско кафе.
Изборот на кафе
Било да го купувате свежо мелено или пакувано, обрнете внимание на аромата, но и пената која се создава при варењето. Ако е густа и богата, тоа значи дека се работи за квалитетно кафе. Испробувајте, додека да го најдете она кое ви одговара. Пената која се создава на врвот на филџанот, всушност го чува вкусот и аромата на кафето.
Правилно варење
Некои го ставаат кафето во ладна вода и го варат до вриење, а други прво ја вријат водата, па во последните минути го додаваат кафето. Правилниот начин е водата само да се загрее, до 80 степени, а потоа да се стави кафето и да продолжи процесот на варење.
Колку кафе треба да се стави?
Ако пиете во класичен мал филџан, доволно е една полна лажичка. Ако пиете во голем, тогаш треба да ставите две. Сепак, тоа зависи и дали лично сакате посилен или послаб вкус на кафе.
Треба ли да се меша?
Кога се става кафето во водата само малку се промешува, а потоа се продолжува варењето. Ако пиете благо кафе, шеќерот додавајте го во ладната вода, пред воопшто да почнете да а загревате.