Домашната пилешка супа едноставно не можеме да ја замислиме без кнедли. Но, како да ги направите само, а да не ви се распаднат?
Трикот е во точниот размер на состојки и моментот во кој ќе ги додадете во супата.
Состојки:
– 100 гр гриз
– 1 јајце
– 50 гр маргарин/путер
– сол
– свежо мелен бибер
– мускатно оревче
Подготовка:
Добро измешајте ги гризот, маргаринот, јајцето, сол, бибер и оревчето.
Веднаш обликувајте кнедли со лажица и ставете ги во врела вода која не смее да врие. Доколку супата/ водата клокоти, тргнете ја од оган и тогаш ставете ги кнедлите.
Доколку не ги ставите веднаш во врел супа, кнедлите ќе впијат од мрсното и јајцето и ќе се распаднат.
Оставете ги полека да се варат, во преклопен сад, неколку минути, а потоа исклучите го шпоретот и оставете ги да отстојат десетина минути.