298
Џенифер Гарнер не се плаши да направи шега на своја сметка, особено кога треба да се сети каде ја паркирала колата.
Таа на Инстаграм објави видео од нејзината потрага во една гаража. Нејзината пријателка ја снимала како изгубено бара и го притиска копчето за отклучување, со надеж дека ќе го чуе звукот и дека тоа го прави веќе 10 минути.
За нештата да бидат посмешни, се празни батеријата на клучот. На крај ја наоѓа колата паркирана во сосема друг блок, бидејќи мислела дека ја оставила во секцијата Y, а всушност била во F.
„Се препотив. Веќе 25 минути си ја барам колата во паркинг на само едно ниво“, вели таа.