Макрон: Владата не е виновна за отпуштањето на работниците на „Вирпул“

од Aleksandar Petrovski
271 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на отпуштените работници од фабриката за апарати за домаќинство „Вирпул“, во својот роден град Имиен, им изјави дека нема вина во неговата влада затоа што преземањето на оваа компанија не беше успешно.

Макрон во овој град во 2017 година водеше огорчена борба со ривалката на изборите Мари Ле Пен токму за гласовите на работниците, а тогаш на нив им порача дека верува во компанијата која ја презеде фабриката, иако таа подоцна пропадна, потсетуваат американските медиуми.

По второто преземање на фабриката без работа останаа повеќе од 100 работника.

Макрон нагласи дека владата не е виновна заради отпуштањето на работниците. Со ова тој се обидува да се спротивстави на повикот на крајната десница упатен до работниците пред локалните избори следната година и претседателските избори во 2022 година, наведуваат американските медиуми.

Слични содржини